Skip to main content
Македонија

Поплавен кејот во Велес

09/01/2026  17:09

Зголемен е водостојот на реката Вардар во Велес по обилни врнежи од дожд, при што делови од кејот се излеани и поплавени на двете страни од реката.

Според мерењата на мерното место кај Стариот мост, утрово во 7:30 часот водостојот изнесувал 182 сантиметри, што претставува пораст од 42 сантиметри во однос на вчерашните 140 сантиметри.

Од Центарот за управување со кризи за МИА информираат дека критичната точка за целосно излевање на Вардар во Велес е 259 сантиметри, што значи дека реката засега е под прагот за поголеми поплави, но состојбата внимателно се следи.

Надлежните служби се на терен и ја мониторираат состојбата на реката и кејската инфраструктура, а до граѓаните е упатен апел за зголемена претпазливост при движење покрај реката.