
Попладнево во Македонија насекаде имавме претежно сончево и попријатно топло време, со пониски температури за разлика од изминатите денови. Сепак, доцна попладнево во југозападните предели локално се развиваa конвективни грмотевични облаци од кои имаше појава на краткотрен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно во планинските предели.

На метеоролошката карта можете да ги погледнете температурите измерени попладнево низ Македонија.