Skip to main content
Музика

Поп дивата Калиопи си замина дома со три Златни Бубамари (ФОТО)

20/02/2025  16:26

Вчеравечер во арената “Борис Трајковски” се одржа 28-то издание на Златна Бубамара на популарноста и како и секоја година се доделија голем број на награди за сите кои ја одбележаа 2024 година од уметнички аспект.

Во октоври минатата година во истата сала, поп дивата Калиопи по голема пауза од Македонија одржа голем солистички концерт, па токму затоа вчера беше наградена со Златна Бубамара за најдобар поп концерт за 2024 година. Таа исто така зема и награда за албум на годината како и за пејачка на годината. Наградите ги посвети на Ромео Грил и на својата верна публика.

Покрај другото таа исто така ексклузивно за публиката на Бубамара откри и дека на истиот датум во 2026 година планира нов голем концерт за сите нејзини обожаватели.

На сцената потоа отпеа и неколку од нејзините најголеми хитови, како што се евровизиските “Дона” и “Црно и бело”, големиот хит “Не заборавај”, а заврши со безвременската “Бато (Роѓени)”.

Наталија Јосифоска
Насловно фото: Дејан Тасевски