
Под влијание на моќен циклонски систем со центар над Џенова во Македонија денот Понеделник 26 Јануари 2026 ни носи облачно и врнежливо време на повеќе места со обилни врнежи од дожд а во источните предели тие повремено ќе бидат и поројни и проследени со грмежи и со силен ветер од јужен и од југоисточен правец (повремено со брзина од над 60 км/час). Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на невреме.
Поради продор на поладен воиздух од север особено кон крајот на денот и вечерта на 26 Јануари 2026 понеделник особено во Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец. На планините над 1200/1300 метри надморска височина ќе има врнежи од снег и ќе дојде до зголемување и проширување на снежната покривка.
Во Скопје и околината со овој моќен циклонски систем со центар над Џенова во погоре споменатиот период ќе имаме врнежи од дожд повремено пообилни во делови од Скопскиот регион а ќе дува повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен а потоа и од северен правец. Во делови од Скопската котлина ветерот повремено ќе достигнува брзина до околу или над 60 км/час.
Што се однесува до температурите тие наутро во понеделник 26 Јануари 2026 ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени. Во Скопје и околината во понеделник 26 Јануари 2026 наутро температурата ќе се спушти до околу 6 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 9 степени.
Поради очекуваните обилни врнежи во Македонија, во периодот кој што ни следува повторно постои ризик од зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија како и опасност од нивно излевање па така повторно расти опасноста од локални поплави кај нас во Македонија во текот на новата седмица која што ни следува.
