Skip to main content
Свет

Помошник на Кремљ: Европскиот контрапредлог за мир во Украина е неконструктивен

24/11/2025  17:08

Европскиот контрапредлог на американскиот мировен план за Украина според помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков е целосно неконструктивен. Според Ушаков, многу точки од првичниот американски план испратен до Киев минатата седмица се прифатливи, но вели дека други бараат детална дискусија.

,,На прв поглед, европското дополнување изгледа целосно неконструктивно и не е прифатливо за Русија” – истакна Ушаков.

Според него постојат некои сигнали за организирање на средба меѓу руски и американски претставници, но се уште нема конечен договор.