
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера го лишиле од слобода 36-годишниот П.Т.С. од Полска, откако кај него била пронајдена дрога. Инцидентот се случил на ул. „Народен фронт“ околу 11:00 часот.
Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против него е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти МВР.
Полицијата продолжува со активности за утврдување на околностите околу случајот.