Skip to main content
Свет

Полската полиција разби мрежи за трговија со дрога и заплени дрога во вредност од 275 милиони долари

19/08/2025  14:22

Полската полиција денеска соопшти дека разбила повеќе меѓусебно поврзани мрежи за трговија со дрога кои дејствувале низ цела Европа, запленувајќи дрога во вредност од една милијарда злоти (275 милиони долари).

Јадрото на криминалните групи го сочинувале Полјаци кои живееле во Шпанија, а некои членови имале врски со полски фудбалски хулигани, соопшти Централното истражно биро (ЦБИ) на Полска.

-За време на истрагата, запленети се 600 килограми марихуана, 180 килограми хашиш, 40 килограми амфетамин сулфат, како и седум огнени оружја и неколку стотици куршуми муниција“, соопшти ЦБИ.

Главната група шверцувала дрога во неколку делови од Европа, главно во Република Ирска, Германија, Австрија и Скандинавија. Истрагата била спроведена заеднички со агенциите за спроведување на законот од голем број земји од ЕУ, соопшти и ЦБИ.