Skip to main content
Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска со полициско обезбедување дојде на дивоградбата во Чаир

22/06/2025  12:59

Во моментов полициско обезбедување заедно со градоначалничката Данела Арсовска е присутно во Чаир на местото каде што откри дивоградба.
Присутна е на терен заедно со 20тина вработени од Градот Скопје.

Прес извесно време Арсовска без одобрение за градба, на државно земјиште и без проект за безбедност во живо од својот фејсбук профил обелодени за наводна дивоградба во општина Чаир. Таа го повика градоначалникот на Чаир – Висар Ганиу, но и министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски, да ја истражат изградбата на овој објект кој дополнително е и незаштитен иако се наоѓа веднаш до основно училиште.