Skip to main content
Македонија

Полицискиот хеликоптер изминатите два дена фрли повеќе од 80 тони вода

19/09/2025  19:39

Во изминатите два дена хеликоптерот Бел 412 на македонската полиција беше ангажиран во повеќе наврати за гасење пожар на Скопска Црна Гора и во реон на с.Миравци и притоа исфрли преку 80 тони вода.

Со брзата реакција и професионалниот ангажман, МВР даде важен придонес во справувањето со пожарот и заштитата на населението и природната средина.