
Полициски службеници од ОКР Центар и Бит Пазар ноќеска спровеле акциска контрола во угостителски објекти во централното градско подрачје на Скопје, со цел санкционирање на присуство на малолетници по полноќ и точење алкохол на лица под 18 години.
Контролата била реализирана во периодот од 19:00 до 03:00 часот на 7 кон 8 февруари 2026 година, при што во угостителски објект на подрачјето на Центар биле затекнати малолетници кои консумирале алкохол.
Поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 204 од Кривичниот законик – „точење алкохолни пијалоци на малолетници“, од слобода била лишена 20-годишна вработена во објектот.
За случајот е известен Државниот пазарен инспекторат, а по целосно документирање на настанот ќе следуваат соодветни пријави согласно законските прописи.


