Skip to main content
Хроника

Полициска акциjа во Скопје – Шест лица приведени

16/07/2025  16:15

На 15 и 16 јули 2025 година, полициски службеници од СВР Скопје спроведоа координирана акција на неколку локации низ градот, при што беа приведени шест лица поради поседување недозволени психотропни супстанци.

Приведени се А.Г. (24), Г.С. (42), Д.Б. (19), И.Т. (36), З.Т. (23) – сите од Скопје, како и М.М. (26) од Берово. При нивно претресување и контрола, полицијата пронашла и одземала марихуана, бела прашкаста и бела грутчеста материја, како и таблети со недозволено дејство.

Според информации од Министерството за внатрешни работи, по целосното документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци против приведените лица. Акцијата е дел од тековните активности за сузбивање на уличната трговија со дрога и зголемување на јавната безбедност.