Skip to main content
Хроника

Полициска акција во Аеродром – Апсења, дрога и одземен мотоцикл

26/01/2026  09:58

На 25.01.2026 година, во периодот од 14:00 до 22:00 часот, полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај Скопје и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола на повеќе локации на подрачјето на општина Аеродром.

При контролата, од слобода се лишени Б.П.(33) и К.З.(21), двајцата од Скопје, откако кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Кај Д.А.(26) од Скопје бил пронајден и одземен нож, додека во друг случај е одземен еден мотоцикл поради сомнение дека е со фалсификувана документација.

Во рамки на акцијата, полициските службеници санкционирале вкупно 37 сообраќајни прекршоци, меѓу кои две прекршоци за управување возило без возачка дозвола, две за истечена важност на сообраќајната регистрација, како и еден прекршок за управување возило под дејство на алкохол, покрај други прекршувања на сообраќајните правила.

Во текот на контролата извршена е проверка на 55 моторни возила, легитимирање на 55 лица и преглед на 48 моторни возила.