Skip to main content
Хроника

Полицијата во Скопје одзеде возило поради создавање голема бучава

30/03/2025  12:54

Денеска полицијата од Скопје на булеварот „Партизански одреди“ било одземенo патничко моторно возило „крајслер“ со штипски регистарски ознаки управувано од С.Г. од Турција со привремен престој во Скопје, поради создавање голема бучава.

На С.Г. му е изречена соодветна парична глоба, а возилото под сомнение за техничка исправност ќе биде однесено во станица за технички преглед каде од страна на стручни лица ќе се утврди дали е технички исправно и дали ги исполнува условите за учество во сообраќај.