Skip to main content
Свет

Полицијата во Хонг Конг уапси маж поради објави за смртоносниот пожар

06/12/2025  19:35

Полицијата во Хонг Конг денеска соопшти дека уапсила маж на возраст од 71 година, кој е обвинет за објавување „информации со цел поттикнување“ на социјалните мрежи.

Ова е првото јавно потврдено апсење поврзано со критики кон властите поради пожарот во станбениот комплекс во кој загинаа најмалку 159 лица.

Во соопштението се наведува дека уапсениот маж објавувал материјали кои имале за цел да „поттикнат омраза кон владата на Хонг Конг и централната влада“, изјави главниот надзорник на Одделот за национална безбедност на полицијата, Стив Ли.

Локалните медиуми претходно јавија дека имало и други апсења поради објави на социјалните мрежи за смртоносниот пожар, но властите не ги потврдија.