
Денеска (13.10.2025) во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода Ј.Г. и Л.Г. од Гевгелија. Имено, во 14:42 часот, М.П.(25) од Гевгелија пријавила дека влезната врата од нејзиниот дом тропале нејзиниот поранешен партнер Ј.Г., кој користел отсуство од Казнено-поправна установа, заедно со Л.Г., и се заканувале и притоа слушнала репетирање на огнено оружје. Набргу, полициски службеници пристигнале на местото, извршен е преглед на лицата, а во ормарот за чевли пронашле пиштол без рамка.Извршено било и алкотестирање и кај Л.Г. биле измерени 3,3 промили алкохол во крвта, по што двајцата се лишени од слобода.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 386 од Кривичниот законик.