![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/10/zatvor.webp)
Вчера, во пет засебни случаи во Тетово и Кавадарци, полицијата уапси пет бегалци кои не сакале да одат во затвор.
Првите три случаи со во Тетово.
Вчера напладне полициски службеници од СВР Тетово го привеле А.З., кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од две години за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанци и прекурзори.
„Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната“, информираше МВР.
Еден час подоцна тетовските полицајци го привеле М.П. од Мала Речица, тетовско, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од две години. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
Еден час претпладне пак, во село Долно Палчиште, тетовско, полицијата ја привела Ф.Ј. од село Добарце, тетовско, која била барана по централна и меѓународна потерница за издржување на казна затвор од шест месеци.
„Таа била спроведена во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната“, се наведува во билтенот на МВР.
Во другите два случаи кавадаречката полиција уапсила уште двајца бегалци на правдата.
Вчера попладне полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле М.Ф., кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во Казнено – поправна установа Затвор Гевгелија. Бегалецот бил спроведен во затворот за здржување на казната.
Вечра вечер пак, На 11.02.2025 во 21.40 часот, кавадаречката полиција го привела Е.П., кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во Казнено – поправна установа Затвор Гевгелија.
„Лицето било спроведено во установата за издржување на казната“, соопштија од МВР.