Skip to main content
Хроника

Полицијата уапси тројца скопјани – им пронашла марихуана, ножеви и прашкаста материја

10/06/2025  14:09

На 09.06.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(36), Н.Г.(26), двајцата од Скопје и В.Н.(25) од с.Волково, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја и два ножеви, стои во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.