Пред 2 дена на 16.12.2024 во Радовиш полицијата уапсила 4 лица В.Ј.(29), С.А.(28), С.Р.(32) и Т.М.(24), сите од Радовиш, поради сомнеж дека во декември 2024 година извршиле четири кривични дела „тешка кражба“ во продажни објекти, од кои три на подрачје на Радовиш и една на подрачје на Струмица.
„Лицата биле задржани во полициските станици во Радовиш и Струмица, а врз основа на судски наредби биле извршени претреси во нивните домови, при што биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делата. На 16.12.2024 во Полициската станица Радовиш бил повикан и И.М.(27) од Радовиш. Тој и Т.М. во службен разговор ги признале делата“, се вели во билтенот на МВР.