Skip to main content
Хроника

Полицијата со детали за трагедијата: Познати идентитетите на странските работници кои загинаа во Македонија

13/09/2025  15:03

На 12.09.2025 во 08:13 часот во СВР Штип е пријавено дека на експресниот пат Штип-Радовиш, од мостот на Балталиска река во близина на с.Лакавица, штипско, излетало товарно возило „фиат дукато“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица, а управувано од М.Д.(35) од с.Иловица, струмичко.

Од здобиените повреди на местото починале С.М.Р.(29) од Бангладеш, Х.М.Р.(38) од Бангладеш и К.К.(34) од Непал, сите со регулиран престој, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Додека возачот и Х.М.Т.(24) од Бангладеш, исто така, со регулиран престој, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.

По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција, а увид изврши увидна екипа на СВР Штип.