Skip to main content
Скопје

МВР само на кратко дозволи да се блокира раскрсницата – Протестот за Вардариште одложен за утре (ВИДЕО)

02/09/2025  19:07

Предмалку започна самоиницијативниот протест во населбата Аеродром кој од утринава го најавија граѓанит кои се гневни поради постојаниот чад кој го дишат тие и нивните деца постојано, а предизвикан од палење на отпад во дивата депонија Вардариште.

Како што сними екипата на 24Инфо на граѓаните кои сакаа да ја блокираат раскрсницата помеѓу буеварот Асном и булеварот Србија, од страна на припадници на МВР најпрво не им беше дозволено истото да го направат.

Сепак подоцна тие им дозволија да го искористат своето право на протест и раскрсницата за кратко ја блокираа при што се направија големи колони на возила.

Ситуацијата стана тензична поради тоа што протестот не бил најавен во полиција па затоа полицијата за кратко повторно интервенираше и ги замоли присутните граѓани да се повлечат од улицата.

Како што кажа еден од присутните, утрешниот протест е веќе закажан, при што утре тие ќе можат да ја блокираат раскрсницата. Собирот го закажаа во 18 часот на платото пред црквата, додека од 18 и 30 часот веќе ќе можат да ја блокираат и раскрсницата.

Тие ги повикаа сите граѓани утре помасовно да дојдат и да го поддржат овој протест.