Skip to main content
Хроника

Полицијата контролираше во Берово – на малолетници им се служел алкохол

30/03/2025  15:55

СВР Штип поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Берово, Г.Г.(42) од Берово – одговорно лице во правното лице и против вработената Д.К.(22) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“.

На 25.11.2023, полициски службеници извршиле контрола во угостителскиот објект и било констатиранио дека малолетници биле послужени со алкохолни пијалоци.