Skip to main content
Хроника

Полицијата ја уапси краварката од Крива Паланка

26/02/2026  13:13

На 25.02.2026 во 09:35 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ. (27) од село Жидилово, кривопаланечко, затоа што спречила вработени од Агенција за храна и ветеринарство во извршување на службени дејствија, а кои постапувале по решение за спроведување мерки за одземање на домашни животни -крави.

Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.