Skip to main content
Хроника

Полицијата го утврди идентитетот на лицата кои синоќа во центарот на Струмица се тепаа со секира-едното е приведено, другото се бара

27/07/2025  16:40

По објавување на видео на социјалните мрежи од тепачка во центарот на Струмица и во која едно лице употреби и секира, денеска полицијата објави дека е е утврден идентитетот на учесниците и едното лице е приведено, а другото се бара.

Од СВР Струмица соопштија дека станува збор за струмичанец и штипјанец.

,,Од страна на полициски службеници од СВР Струмица веднаш е утврден идентитетот на сторителите, односно утврдено е дека учесници се С.А.(49) од Струмица и Ќ.Д.(32) од Штип. Пронајден е и лишен од слобода С.А., со кого е извршен службен разговор во просториите на СВР Струмица, а за Ќ.Д. кој по настанот се дал во бегство е објавен централен распис за негово пронаоѓање.“, соопшти полицијата

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.