Skip to main content
Балкан

Полиција усмрти маж на плоштад во Словенија

05/03/2026  22:00

Словенечката полиција усмрти маж на еден од градските пплоштади во Љубљана. Полицајците биле принудени да употребат огнено оружје бидејќи мажот бил закана за нивната безбедност но и за граѓаните.

Настанот се случил на фреквентна локација, а сведоци тврдат дека полицијата неколкупати го предупредила лицето да се смири и да го фрли оружјето пред да дојде до фаталните истрели. И покрај брзата интервенција на медицинските екипи, мажот им подлегнал на повредите на самото место.

Словенечката полиција веднаш го обезбеди просторот и започна со увид.

„Во тек е истрага за сите околности на настанот, вклучително и оправданоста на употребата на присилните средства од страна на полициските службеници“, се вели во кусoто соопштение на надлежните органи.

Повеќе детали за идентитетот на убиениот и мотивите за неговото однесување се очекуваат во текот на денот, по завршување на вештачењата.