Skip to main content
Хроника

Полицајци дозволиле да застарат 14 кражби

22/05/2025  14:39

МВР поднесе кривични пријави против двајца полицајци од Велес поради несовесно работење. Тие не презеле дејства и не постапиле навремено со што овозможиле кај 14 кривични дела „кражба“ да настапи застарување на делото.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична против А.С. и Л.Т.М..

Пријавените, во време на извршување на делото во периодот од 08.07.2020 до 06.12.2021, на работно место полициски службеници во Отсек за општ криминалитет при СВР Велес несовесно постапувале со предметите кои им биле доверени во вршењето на своите овластувања.

Имено, по вкупно 14 предмети за сторени кривични дела „кражба“, и „тешка кражба“, пријавените не постапиле навремено, не преземале дејствија во однос на реализација и откривање на сторителите и не го известиле надлежното јавно обвинителство, со што дозволиле делата апсолутно да застарат за гонење.