Skip to main content
Хроника

Полицаец тешко повреден во сообраќајна несреќа со службено возило

02/04/2026  14:05

На 01.04.2026 во 08:10 часот во СВР Скопје е пријавено дек на бул.„Александар Македонски” во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „алфа ромео” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(59) од Скопје и патничко возило „шкода јети”,  сопственост на МВР, управувано од Х.А.(42) од Скопје.

Во незгодата со телесни повреди се здобил Х.А., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.