Skip to main content
Скопје

Пола Скопје утрово е без вода, се поврзува главниот магистрален водовод

31/05/2025  11:36

Од раните утрински часови со делумен прекин на водоснабдувањето се населените места Визбегово, бул.„Босна и Херцеговина“, Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, висока зона Железара и Бутел 1, поради поврзување на главниот магистрален водовод.

ЈП Водовод и Канализација – Скопје соопшти дека работните актовности се очекува да завршат за помалку од 15 часа, во кои најмногу часови се одвојува за празнење и полнење на магистрален цевковод.

-Во сабота (31 мај) со отпочнување во 00:00 часот, планирани се активности за изведба на главен водоводен приклучок и монтажа на игличест регулационен вентил, за која цел е изготвен план со кој се предвидува прецизна постапка со цел брзо и ефикасно завршување на ваквиот потфат. Главна цел на овој Оперативен план е подобрување на водоснабдувањето и притисокот на водата, како и намлување на загубите на вода, се наведува во соопштението.

Со реализација на овој проект, како што информираат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, ќе се подобрат хидрауличките услови во водоводната мрежа, со монтирање на игличест регулационен вентил во ново изведената мерно регулациона шахта со пропратна хидротехничка опрема, како и поврзување на постоечкиот магистрален цевковод ф 1600 мм кај Железара, со постоечкиот магистрален цевковод ф 700 мм на бул.„Александар Македонски“ кој се напојува од градскиот магистрален цевковод ф 1600 мм, преку новопредвидениот магистрален цевковод ф 700мм,кој ќе биде поставен по должинта на новопредвидениот бул.„Хрватска“.

-Со ваквото поврзување ќе се создадат услови за формирање на циркуларен прстен за поврзување на двата маистрални цевководи во градот Скопје, посочуваат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје.