Skip to main content
Македонија

Пола Скопје без стрија

05/03/2026  00:27

Повеќе населени места во Скопје вечерва се соочуваат со прекин во снабдувањето со електрична енергија, што предизвика реакции кај граѓаните во делови од главниот град.

Според информациите објавени од компанијата ЕВН излегоа со детали за локациите кои се погодени од прекинот.

Според нивното известување, во моментов без електрична енергија се делови од населбите Ѓорче Петров, Карпош и Автокоманда, како и населбата Маџари и нејзината околина.

Засега не се соопштени точните причини за прекинот на струјата, ниту кога се очекува нормализирање на снабдувањето. Од надлежните се очекуваат дополнителни информации во текот на вечерта.