Skip to main content
Балкан, Хроника

Погребан Саша Поповиќ – го испратија со тамбураши и песната “Нека спава”

06/03/2025  17:14

Основачот и директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ, е погребан денеска, на Бежанијските гробишта во Белград.

Тој е погребан во семејната гробница, а сопругата Сузана цело време стоеше покрај гробот, објави Телеграф.

Пред да биде погребан, човек близок до семејството одржа емотивен говор во негова чест.

По неговиот говор сите присутни го поздравија со аплауз, по што тој продолжи да свири.

Саша Поповиќ е испратен во вечното почивалиште со тамбураши и емотивната песна „Нека спава“.

По завршувањето на погребот, еден од свештениците кажал неколку зборови за Саша Поповиќ, поради што Сузана цело време плачела.

– Секој човек е апсолутно вредна личност и секој човек живее на единствен, уникатен начин, а како поединец ги собира сите пријателства, врски, сѐ што допрел и видел. Затоа, во смртта на секој човек умира цел свет, неповторлив начин на гледање на светот.