
Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар ја освои денешната 13. етапа од велосипедската трка Тур де Франс и со тоа ја зголеми својата предност во генералниот пласман.
Погачар, кој настапува за тимот „Емирејтс“, ја заврши етапата на индивидуален хронометар од 10,9 километри, која се возеше од Луданвел до Перагид, за 23 минути.
Второто место го освои возачот на тимот „Висма“, Данецот Јонас Вингегор, со заостанување од 36 секунди, додека Словенецот Примож Роглич од „Ред Бул“ беше трет, со заостанување од една минута и 20 секунди.
Со 45 часа, 45 минути и 51 секунда, Погачар е лидер во генералниот пласман, пред Вингегор, кој заостанува четири минути и седум секунди.
Следната етапа, ридската делница од 182,6 километри, ќе се вози утре.