
Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да се сретне со ниту еден друг претставник на Русија во Истанбул, освен со рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на началникот на кабинетот на украинскиот претседател – Михаило Подољак.
Подољак рече дека евентуалната билатерална средба во Истанбул на пониско ниво нема смисла.
Не, се разбира. Па, ова не е форматот“, рече Подољак, одговарајќи на прашањето дали Зеленски ќе се сретне со друг претставник на Русија доколку Путин не дојде на состанокот, пренесува украинската телевизија „Суспилна“.
Според него, дури и луѓето со формален статус на министри веројатно нема да можат да разговараат за фундаментални прашања или да имаат овластување да носат одредени одлуки.
Во саботата Соединетите Американски Држави и европските земји ја повикаа Русија да прогласи 30-дневно примирје кое започнува на 12 мај во руската војна против Украина.
Еден ден претходно, Путин и предложи на Украина да ги продолжи директните преговори без никакви предуслови, почнувајќи од 15 мај во Истанбул.
Зеленски рече дека ќе го чека Путин во четврток на 15 мај во Истанбул на директни разговори.