Skip to main content
Свет

Поднесено обвиниение против напаѓачот кој со нож повреди 11 лица во воз во Британија

03/11/2025  13:20

Осомничениот за нападот со нож во брз воз во Кембриџшир, во кој беа повредени 11 лица, Енотни Вилијамс (32), денес е обвинет по 11 точки за обид за убиство, едно точки за нанесување телесни повреди и едно точки за поседување нож, соопшти британското крунско обвинителство.

– Одлучено е Ентони Вилијамс да биде гонет по полициска истрага за инцидент во воз на LNER од Донкастер до Лондон во сабота, 1 ноември 2025 година. Нашиот тим обвинители надвор од работното време работеше на утврдување дека има доволно докази за да се изнесе случајот пред суд и дека е во јавен интерес да се покрене постапка – изјави крунската обвинителка Трејси Итон, пренесува Ројтерс.

Таа истакна дека обвинителството, во соработка со полицијата, разгледало огромен број докази, вклучително и снимки од безбедносните камери.

– Знаеме колку катастрофалниот инцидент во возот во саботата ја погоди и ја шокираше целата земја. Нашите мисли се со жртвите на нападот – рече Итон.

Вилијамс е единствениот обвинет за нападот во возот. Полицијата претходно соопшти дека уапсила 32-годишен Британец со темна кожа и 35-годишен Британец со карипско потекло, но другиот маж бил ослободен.