Skip to main content
Хроника

Поднесена кривична против битолчанец – пронајдена е дрога

23/02/2026  22:00

Поднесена е кривична пријава од криминалистичката полиција при СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола против 29-годишниот Л.Б од Битола осномничен за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.


Имено, пријавениот подолг период нелегално набавувал поголема количина на марихуана, која ја чувал во визба од зградата каде живее во Битола и ја препакувал за продажба на наркозависници на подрачје на Битола.

На 21.02.2026, со судска наредба, бил извршен претрес во домот и други помошни простории кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

Од страна на судија на предходна постапка на Л.Б. му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.