
Подморница на САД потопи ирански воен брод во меѓународни води. Според, американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет. ова е првото потопување на непријателски брод со торпедо по Втората светска војна.
„Американска подморница потопи ирански воен брод кој мислеше дека е безбеден во меѓународни води. Наместо тоа, беше торпедиран“, изјави Хегсет на прес-конференција во Пентагон.
Хегсет додаде дека американската војска го потопила и бродот „Сулејмани“, именуван по поранешниот ирански генерал Касем Сулејмани кој беше ликвидиран од американските сили за време на првиот мандат на претседателот Доналд Трамп.


