Skip to main content
Хроника

Подметнати два пожари на дива депонија кај Визбегово

29/06/2025  12:11

Центарот за управување со кризи (ЦУК) испрати итен допис до Град Скопје и Општина Шуто Оризари откако на 28 јуни двапати интервенирала Противпожарната бригада на запалена дива депонија во близина на хотелот „Њу Стар“ во Визбегово. Постои сомнение дека пожарите се подметнати, а опасноста по здравјето и животната средина е сериозна.

ЦУК побара:

Обезбедување чуварска служба за спречување нови палења и навремено известување при обиди за запалување.
Покривање на депонијата со инертен материјал (шут или земја) за спречување ширење на пожар и повторно палење.
Засилен инспекциски надзор против нелегално фрлање отпад на локацијата.
„Апелираме институциите итно да преземат мерки за заштита на граѓаните и животната средина“, предупредуваат од ЦУК.