Skip to main content
Македонија

Подкаст ЗРАК: Родители, ова се симптомите на канцер кај децата

29/12/2024  21:37

Во вечерашната епизода на подкаст ЗРАК со д-р Марина Вукашиновиќ, се зборуваше за канцерот кај децата. 

Д-р Снежана Коруноски спец. педијатар на хематоонкологија ги наброја едни од најчестите симтоми на канцер кај најмладата популација. 

„Како и за секоја дијагноза потребна е анамнеза, физикален преглед, лабораторски наоди. Кај овие дечиња, најчесто малигната болест има еден краток период и почнува со еден акутен тек, тоа најчесто се симптоми како покачена телесна температура, замор, болка во коски и зглобови, хеморагичен синдром. Тие деца се најчесто бледи тахикардични, имаат чувство дека не можат да ги извршуваат секојдневните активности, онака како што ги извршувале порано. Поради слабост на коскената срцевина имаме прпмени и во крвната слика, како анемија, тромбоцитопенија и леукопенија, тоа значи немалување на нивото на хемоглобинот, тромбоцитите и леукоцитите“ посочи д-р Коруновски. 

Според неа, процесот на дијагностика е брз и е многу значаен за рано откривање на болеста, со што се зголемуваат шансите детето да биде излекувано. 

Докторката посочи дека во борбата на децата против канцерот потребна е голема поддршка од семејствата и околината и упати апел родителите навремено да реагираат ако забележат одредени симптоми кај нивните деца.

Целата епизода на подкастот на следниот линк.