Skip to main content
Македонија

Подигнатото возило во Дебар маало не било на полицаец, велат од МВР

04/04/2025  10:42

Возилото не е на полициски службеник, велат од МВР за 4NEWS.mk откако утрово на друштвените мрежи се прошири видео од Дебар Маало како се (не) подигнува возило паркирано на несоодветно место.

Настанот е од 22 март кога несовесен возач го оставил своето возило паркирано на велосипедска патека улица Орце Николов во Дебар маало, а откако граѓани извршија притсок врз полицијата и ПОЦ, истото било подигнато.