
Под мотото „Сечиј живот е вреден !“ денеска на Плоштад ‘Македонија’ во Скопје, со почеток во 12:00 часот, првпат во државата ќе се одбележи Националниот ден на правата на животните. Како што соопштија од граѓанското движење „Национален ден на правата на животните – Македонија“ (NARD Македонија), посветено на кревање на свеста за страдањето на животните од човековата рака, одбележувањето е со цел создавање похумана иднина за сите.
Македонија првпат ќе го одбележи Националниот ден на правата на животните, а настанот ќе се одвива во три дела: комеморација, едукација и прослава.
„Национален ден на правата на животните – Македонија“, е граѓанско движење кое цврсто верува во поврзаноста меѓу сите живи суштества, посветено на кревање на свеста за страдањето на животните од човековата рака, со цел создавање на еден поубав заеднички живот во мир и хармонија на Земјата.