
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 5 часот и 04 минути регистрира земјотрес чиj епицентар потекнува од Република Албанија, на околу 158 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.5.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.