Skip to main content
Македонија

Почнува кампањата „Катастар до тебе“

18/09/2025  09:07

Агенцијата за катастар на недвижности почнува нова кампања „Катастар до тебе“, а првата промоција ќе се одржи денеска од 16 до 19 часот во Општина Аеродром.

Целта на кампањата е институцијата да се доближи до граѓаните преку директна комуникација, отвореност и транспарентност. На овој начин, граѓаните ќе имаат можност да поставуваат прашања и да добијат јасни и прецизни одговори од стручни лица, како и информации за постапките што ги спроведува Агенцијата.

За време на настанот, државни службеници и раководители од Агенцијата ќе бидат достапни за разговор и советување, со цел полесно да им помогнат на граѓаните во решавање на нивните дилеми и прашања поврзани со катастарските услуги.

Со кампањата „Катастар до тебе“, агенцијата ја потврдува својата посветеност за поголема близина до граѓаните, унапредување на довербата и обезбедување поефикасни и поедноставни услуги за физичките и правните лица. Во рамки на кампањата е предвидено да се посетат сите општини во државата.