Skip to main content
Спорт

Почнува четвртфиналната фаза на „Ролан Гарос“

03/06/2025  09:52

Грен слемот во Париз дојде до четвртфиналната фаза од која денес на програма се по два меча во машка и во женска конкуренција.

Во четвртфиналето кај тенисерите денешните двојки се:
Мусети (Италија) – Тијафо (САД) 
Пол (САД) – Алкараз ( Шпанија).

Утре ќе играат:
Синер (Италија) – Бублик (Казахстан)  
Зверев (Германија) – Ѓоковиќ (Србија).

Денес на распоредот во женска конкуренција се натпреварите:
Сабаленка (Белорусија) – Женг (Кина) 
Свитолина (Украина) – Швјонтек (Полска)

Утрешните двојки кај тенисерките се:
Андреева (Русија) – Боисон (Франција)
Кис (САД) – Гоф (САД).