
Денеска започнува 53. издание на традиционалниот ракометен турнир кој се одржува во Струга.
Минатогодишниот победник, тимот на Пелистер нема да го брани трофејот, а навивачите нема да ги видат ниту екипите на Вардар и Алкалоид.
На турнирот ќе учествуваат шест екипи, четири од Македонија, покрај домаќинот Струга тука се и Охрид, Тиквеш и Бутел. А меѓународните учесници оваа година се Бурса од Турција и Раднички Крагујевац од Србија.
Турнирот ќе стартува со езерското дерби меѓу Струга и Охрид од 18:30, по што ќе се случи свеченото отворање. Денешниот ден ќе биде затворен со мечот меѓу Бутел и Раднички.
Турнирот завршува на 16 август кога од 20:45 часот ќе се одигра финалето.