Skip to main content
Скопје

Почнува 4. Инфјужн – Фестивал на инклузија

11/06/2025  14:48

Под мотото „Биди херој на херојот!“ од денеска до 15 јуни 2025 година на пет различни локации во Скопје ќе се одржува четвртиот Инфјужн – Фестивал на инклузија. Фестивалот ќе биде отворен со танцовиот перформанс SKIN на  австралиско – германското дуо Роланд Валтер и Рене Шадлер во Театар Комедија, кои утре ќе одржат и работилница „Танцување без умереност“.

Фестивалот од оваа година се дели на 5 категории распоредени во 5 тематски денови, како Перформанси и Театар(PERFORM), Уметност(АRТ), Музика(MUSIC), Спорт(SPORT) и Гејминг(GAMING).

Вкупно 30 настани во 5 денови ќе вдахнат нова димензија во културно-уметничката преобразба на метрополата, a Базарот и Форумот на релевантни и општествено значајни теми ќе разбудат рефлексија која ќе инспирира за подобро утре.

Повеќе детали за сите фестивалски работилници на www.if.equality.agency и instagram.com/infusion.fest.

Под мотото „Биди херој на херојот!“ во рамки на фестивалските денови и преку официјалниот сајт equality.agency, посетителите ќе можат да донираат за малиот Ѓорѓи од Струмица, 9 годишно момче со широкa насмевка со детска церебрална парализа, кому му е потребна рехабилитација и
операција.

Инфјужн Фестивалот оваа година носи моќна порака. Со многу новини, толкување на концерти на знаковен јазик, обезбедување на пристапност на сите 50 настани, Инфјужн фестивалот е повеќе од обичен фестивал – тоа е фестивал каде сите се добредојдени и каде шириме љубов, менуваме, создаваме и инспирираме!