Skip to main content
Хроника

Починал 31 годишник при работи за изградба на Коридор 8

04/03/2025  11:43

На 03.03.2025 во 17.15 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив бил донесен починат Л.С.(31) од Република Косово.

-Според пријавеното, на Л.С. му се слошило при извршување работни задачи за фирма која врши изградба на Коридорот 8, по што бил пренесен во Ургентен центар Гостивар, каде што била констатирана смрт, информира СВР Тетово.

Извршен бил увид и по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.