Skip to main content
Хроника

Почина снимателот на МРТ Александар Мижимаков

10/01/2026  20:43

Почина снимателот на Македонската радио-телевизија, Александар Мижимаков на 48 години. Тој беше еден од поискусните сниматели во јавниот сервис, со долгогодишна работа на документарни проекти, информативни содржини и филмски продукции.

Мижимаков беше член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

Од ЗНМ упатија искрено сочувство до неговото семејство, колегите и пријателите.