
Порталот „Кукурику“ на својата официјална фејсбук-страна објави дека починала легендарната македонска спикерка Снежана Липковска.
Липковска е доајен на македонското спикерство.
Водеше различни емисии како и централниот Дневник и беше вистинска ѕвезда, добро позната во тогашна Југославија.
Работеше и како новинар, а исто така се занимаваше и со документаристика.
Во 2015 година издаде и книга, збирката новели „Хотелски стории“.