Skip to main content
Балкан, Хроника

Почина Саша Поповиќ, основачот на Гранд продукција

01/03/2025  20:14

После кратка и тешка борба почина Саша Поповиќ, основач и креатор на Гранд продукција.

“Со огромна тага ја известуваме јавноста дека денес по кратка и тешка борба почина основачот на Гранд продукција, Саша Поповиќ”, соопштија од продукцијата.

Александар Саша Поповиќ е роден на 24 април 1954 година во Нови Сад.

Неговата харизма, неуморна работа и страста кон музиката и телевизијата ќе остават неизбришлива трага. Неговото наследство ќе живее преку сите кои имаа привилегија да работат со него и низ сите чии животи ги допре.