
По пет дена борба за живот, работникот од Кина кој беше тешко повреден при изведба на градежни работи на автопатот Охрид – Кичево, вчера им подлегнал на повредите.

За случајот потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Инцидентот се случи на 3 јуни, кога работник од Кина на возраст од 52 години паднал од дрвена платформа на градилиште во близина на селото Требеништа. Тој веднаш беше пренесен во Специјализираната болница „Св. Ерзамо“, но и покрај напорите на лекарите, за жал, тој починал, соопштија од полицијата.