Skip to main content
Македонија

Почина Панчо од ДНК

14/10/2025  11:19

По скоро седум месеци лекување, утрово почина Владимир Блажев-Панчо во болницата каде што се лекуваше.

Панчо настрада во кобниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени.

По пожарот, тој се лекуваше прво во Клиничкиот центар а потоа беше префрлен во приватна болница, каде седум месеци се бореше за својот живот.

Колеги, пријатели, роднини се збогуваат од Панчо на социјалните мрежи.