Skip to main content
Спорт

Почина навивачот на кого му се слоши на натпреварот во Хелсинки

12/06/2025  22:46

Фудбалскиот навивач на кого му се слоши на стадионот во Хелсинки за време на квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство меѓу Финска и Полска во Хелсинки во вторникот, почина ден подоцна во болница, објави денеска финската полиција.

Откако навивачот му се слоши во 72 минута од натпреварот, му беше укажана итна медицинска помош на трибините, а дуелот меѓу Финска и Полска беше прекинат 40 минути.
Иако навивачот итно беше префрлен во болница, лекарите не успеале да го спасат неговиот живот.

Ова е втор смртен случај на навивач на меѓународни натпревари во изминатата недела.

Во неделата, за време на финалето на Лигата на нации меѓу Шпанија и Португалија во Минхен, еден навивач почина откако падна од горната на долната трибина.